Досега невиден циркус во македонскиот фудбал!
Сите се чудат на ФК Вулкан од Косел. Третолигашот од страв да не ги фатат со „фалсификат“ легитимации одлучиле да не се појават во вторите 45 минути, објави Македонски спорт.
Во Охрид играа ФК Косел и ФК Македонија Ѓ.П. Третолигашот по првите 45 минути имал водство од 2:0 на стадионот „Биљанини извори“. Но тука завршило со фудбалот и почнал циркузот. Тимот кој има водство не се појавува на терен и по 15 минути чекање одлучено е средбата да биде прекината.
ФК Вулкан не се појави. Зошто!?
“Отидов во соблекувалната да ги опоменам и да им соопштам дека по 15 минути чекање ќе биде биде прекинат мечот во корист на Македонија Ѓ.П. И по таа опомена од Косел не се појавија“, објасни за Македонски спорт Мехмед Абдиу, членот на УО на ФФМ и делегат на средбата.
Но проблемот е друг. За ФК Вулкан од Косел играле двајца спорни фудбалери. Делегатот им побарал на домаќините покрај фудбалските легитимации по крајот на средбата да достават и лични карти за да се утврди дали Косел игра со вистинските фудбалери. Од страв да не ги фатат во фалсификат и да не им „летнат“ главите на многумина кои учествувале во таквото сценарио екипата на Вулкан не излегла на теренот и се предаде од Купот на Македонија и покрај водството од 2:0 по првите 45 минути.
Луѓето кои прекинот го поврзуваат со обложувалници и мафии не се свесни колку сето тоа е смешно, посебно за вакви средби за кои речиси и нема маркет поголем од 100 евра. Фалсификатот е кривично дело за кое се оди и во затвор, пишува Македонски спорт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа