Откриена причината за кражбата на мајмунот од Зоолошка

Mалиот мајмун бил украден од скопската Зоолошка градина за да му биде подарен на девојче како играчка, дознава Курир.

Кражбата како што веќе информираа од полицијата се случила вчера попладнето кога двајца посетители пресекле делови од челичните жици од мрежаста ограда и го украле младото мајмунче.

Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси кон Кавадарци.

Лицата се пронајдени и приведени околу 21 часот, а полицијата информираше дека станува збор за С.Н.(31) и И.П.А.(26) од Кавадарци. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Украденото мајмунче им било одземено, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега