Се огласи ЗОО Скопје: Го украдоа Лука и ја скокнаа оградата - детали за кражбата на мајмунот

По кржабата на мајмунот во зоолошката градина, од ЗОО Скопје излегоа со писмено соопштение. 

„На ден 10.08.2015 (понеделник) во ЈУ Зоолошка градина Скопје, во периодот околу 17:00 – 17:30 часот, непознати сторители низ исечен отвор на мрежата од надворешото живеалиште украдоа  младо од видот на мајмун-павијан, старо 1,5 година (на јавноста познато како мајмунчето Лука) и со прескокнување преку јужната заклучена капија од Градината, се упатија кон паркингот и со возило кон правец на градот Велес.

Голема благодарност до совесните посетители, очевидци на настанот, што помогнаа многу брзо по пријавувањето во МВР, со брза и професионална акција, Лука да е пронајден и вратен на вработените во Градината. Во оваа прилика огромна Благодарност до МВР.

   Здравствената состојба на Лука е добра, во моментов  е сместен во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.  “ - стои во соопштението од скопската зоолошка градина.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега