Мистериозен натпис на меч: Оваа загатка е стара 800 години, можете ли да ја решите?

Британската библиотека објави јавен повик кон сите да им помогнат во решавање на загатка стара повеќе од 800 години, која се наоѓа на меч.

Мечот е тежок 1,2 килограми, долг е речиси еден метар. Пронајден е во река во Линколшајр во 1825 година. Доволно е остар да пресече череп, пишува Индепендент, а датира од 13 век и веројатно е направен во Германија.

Овој меч е интересен по натписот кој се наоѓа долж острицата, а кој гласи: +NDXOXCHWDRGHDXORVI+.

Во Британската библиотека се убедени дека се работи за некој религиозен обред, но јазикот им е потполно непознат. Мечот на изложбата е прикажан заедно со ракопис од 14 век кој ја опишува француската инвазија на Нормандија од 1203 година, на чии илустрации мажите имаат слични мечеви.

Меѓу оние кои имаат предлог решение е Марк ван Хаселт, кој тврди дека натписот е на латински, а NDXOX веројатно значи Nostrum Dominus (наш Господин) или Nomine Domini (име Господово). Буквите кои следат може да се имиња на светци.

- Составувајќи делови од сложувалката од цела Европа, можеби ќе дојдеме блиску до решението на загатката. Дури и ако не можеме во целост да ги дешифрираме натписите, тие можеби ќе не одведат малку поблиску во разбирањето на нашите предци, вели Марк.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега