МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ: Вака исламистите го киднапирале Томислав Салопек

Потрагата за хрватскиот државјанин Томислав Салопек и понатаму трае, а никој со сигруност не може да потврди дека тој е жив. Иако се во врска со киднапирањето на Салопек е направено во голема тајност, некои детали се откриени, пишува хрвсткиот весник jutarnji.hr. 

Исламистите го киднапирале Салопек на 22. јули кога се враќал од работа. Салопек и неговиот возач се враќале за Каиро и биле 300 километри одалечени од местото каде работеле. 

Како што пишува  jutarnji.hr  повикуваќи се на извори од Египет, возилото во кое бил Селопек било на пуст дел од главниот пат кој води спрема Каиро. Патот на возилот на Салопек го пресекол камион со непозната марка. 

Во него се наоѓале четири мажи облечени во бедуинска облека. Лицата им биле замотени со марама, на кои биле ознаки на знаме од некоја странска држава, но никој не знае точно за која станува збор. Мажите биле вооружени и испукале неколку куршпуми во воздух.

Напаѓачите ништо не зборувале. Двајца излегле од камионот и се префрлиле во возилот на Селопек и го завртеле автомобилот, во истиот правец во кој тргнале возачот и Томислав. Се возеле околу 15 минути додека камионот со преостанатите напаѓачи цело време ги следел. 

Одеднаш возилото застанало, напаѓачите Селопек го префрлиле во нивниот камион, ги земале нивните телефони и го однеле Томислав во непознат правец.

Иако потрагата за Селопек трае веќе со денови, никој не може со сигурност да каже каде тој се наоѓа, како и тоа дали е жив. 

меѓутоа, иако на  киднапирањето ан Селопек интензивно се работи и понатаму се крие името на неговиот возач, точното место на киднапирањето и марката на камионот и ознаките на марамите на киднапираните. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега