Наполни 18 години, па нејзиното момче и купи „Ферари“

Раперот Tајга (25) за роденденот на неговата девојка Кајли Џенер, која вчера наполни 18 години, и купи „Ферари“ вреден 320 илјади долари.

Иако роденденот и беше вчера, Кајли во неделата органиизраше роденденска забава во голем стил во холивудскиот ноќен клуб „Бутси Белоус“.

Лукзузниот „Ферари 482“ пријатно ја изненади славеничката која изјави дека „тоа е лудо“ и „во незин стил“, по што заедно со мајка и Крис Џенер, реши да се повози малку и да позира на фотографите.

На роденденската забава се појавија нејзиние сестри, Кендал, Ким, Кортни и Клои, но и Кање Вест, НБА кошаркарот Џејмс Харден и Кејтлин Џенер.

Пред еден месец се појавија коментари на оние кои сметаат дека Tајга престар за Кајли, но Клои застана во негова одбрана.

- На 16 години сигурно сум спиела со некој кој имал повеќе од 20 години. Не би рекла дека сме биле во врска, највројатно само сме спиеле. Но, Kајли не е обична 17-годишна девојка, рече Клои.

 

 

Оцени ја веста

11.08.2015 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега