Командант Малишева се обидел да се самоубие?

Еден од лидерите на кумановската група, Мухамед Красниќи алијас командант Малишева, се обидел да се самоубие во притвор, дознава АЛСАТ М од неофицијални извори. Според непотврдените информации на телевизијата, командант Малишева се обидел да испие солна киселина. Наводно испил дел од течноста, но бил спасен.

Управата за извршување на санкции не одговорила дали ова е вистина, но Управата на затворот во Прилеп, каде што командант Малишева е во притвор го контактирала неговиот адвокат.

-Разговарав со управникот тој ми кажа дека Малишева не го направил обидот за самоубиство. Јас не знам  што е за верување. Утре наутро ќе одам во затворот во Прилеп и директно ќе бидам информиран за неговата состојба, рече адвокатот Насер Рауфи.

Овој настан следува откако минатата недела обвинетите за случајот во кумановска Дива населба одбија да дадат исказ пред судија, бидејќи не им биле презентирани доказите со кои располага обвинителството.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега