Мурињо, како можеше да и се налутиш на таа убавица? Еве врз кој го истури бесот тренерот на Челзи

Познато е дека Португалецот Жозе Мурињо не сака да губи бодови и дека во такви ситуации сите му се криви.

Меѓутоа овој пат, Мурињо после ремито против Свонсија во првото коло на Премиер лигата ги помести сите граници. Овој пат на мета на неговите критики се најде убавата докторка на Челзи Ева Карнеиро.

Инаку плавите поради исклучувањто Куртоа во 52 минута, на терен останаа со 10 играчи, а до крајот на натпреварот незгоден удар доби Белгиецот Еден Азар. Тогаш докторката на клубот импулсивно истрча на теренот за да му укаже помош, па го изваде од игра и го остави Челзи со девет играчи на теренот. Тоа потполно го разбесни Мурињо.

 

 

Оцени ја веста

10.08.2015 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега