Груевски ја посети новата плажа во Стење

Туристичката понуда на преспанскиот регион е збогатена со уште една содржина – новоизградената плажа на Преспанското Езеро кај Стење во должина од околу 500 метри.

Плажата денеска ја посети премиерот Никола Груевски во рамките на посетата на преспанскиот регион.

- Туристичката сезона е во полн ек и локалното население веќе ги гледа резултатите од новата плажа. Туристите одлично го прифаќаат овој новитет и веќе е забележана поголемата раздвиженост во Стење, нагласи Груевски.

Тој најави дека веднаш по комплетното завршување на активностите на плажата во Стење ќе почне изградба на нова плажа во Сливница.

- За овие две плажи веќе имаме издвоено околу 77 милиони денари и нивната изградба е дел од нашата визија за преродба на туризмот во преспанскиот регион. Дел од таа визија е и изградбата на плажите во Отешево, Крани, Коњско и Претор што ќе се реализира во наредниот период, нагласи Груевски.

Во рамки на посетата на демирхисарско-преспанскиот регион премиерот денеска ги предаде во употреба зградите со социјални станови за социјално ранливи категории во Демир Хисар и Ресен и го пушти во употреба новото изграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега