Тепачка во Охрид- три момчиња завршија во болница

Вчера околу 04,00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“ во правец кон Струга, В.М.(24) од с.Порој–Тетово кој бил заедно со Е.К.(23) и М.К.(22) од с.Радолишта–Струга, и се превезувале со ПМВ„БМВ“, биле пресретнати од ПМВ„Пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале.

По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило од кое излегле 6 НН лица на возраст од 18-25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале удирајќи ги со раце и нозе, а едно од лицата извадило нож и го пресекол В.М. во пределот на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале.

На повредените им е укажана лекарска помош во медицинскиот центар Струга, од каде настанот е пријавен во полициската страница Струга.

Полицијата  превзема мерки за целосно расчистување.

 

 

Оцени ја веста

09.08.2015 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега