Кои се главните карактеристики на хороскопските знаци на плажа?

Близнаците киснат на мобилен, Скорпиите главни шмекери...

Овен

Бидејќи во сè се први, па и на плажа стигнуваат пред сите. Малку растегнување, пливање во сите стилови за да се загреат, па дури потоа може да се види кој е главен. Шета по плажата со совршено затегнато тело, директно ги посматра оние од спротивниот пол и бира мета. Штом пикираат некој нема бегање.

Бик

Не се брзаат за на плажа, бидејќи никаде нема да побегне. Најважно е прво да се наспијат, да се средат, да се напијат кафе и да појадуваат, па дури потоа да ги спакуваат сите неопходни ситници и да тргнат. Кога ќе пристигнат на плажа, прво распакуваат сè за да им биде на дофат на рака, па мрзливо се растегнуваат и излежуваат на лежалката. Дозволуваат да бидат заведени.

Близнаци

Се будат, брзо проверуваат што има на социјалните мрежи, кој им ги лајкнал статусите, одговараат на коментарите и пишуваат статус дека одат на плажа. Со себе понесуваат мобилен телефон, таблет и фотоапарат. По пат двапати се враќаат зашто забораваат крема за сончање или пешкир. Стигнуваат во голем стил, насмеани и веднаш наоѓаат друштво. Додека зборуваат пишуваат статус опишувајќи детално што прават или што има каде што се наоѓаат. На оние кои им се допаѓаат може да им ветат вечна љубов и да ги одведат во соба. Попладне одат на друга плажа.

Рак

Полека доаѓаат на плажа, срамежливо се соблекуваат размислувајќи дали им се познава целулитот, за секој случај девојките ставаат и марама околу струкот и го разгледуваат омиленото списание. Им се јавуваат на мајките, колку да не се грижат. Додека размислуваат за поранешната љубов и скришно ги бришат солзите, чувствуваат кога некој ги гледа. На личноста која им приоѓа и им започнува разговор, ѝ одговара со кратки одговори, додека малку не се опуштат. Во рок од еден час го отвораат срцето и зборуваат за своите планови, семејството и блиските, заедно го гледаат зајдисонцето и одат на романтична вечера.

Лав

Сите очи се насочени кон нив додека полека поминуваат, барем така тие се чувствуваат. Го заземаат централното место каде сите околу нив ќе може да имаат добар поглед на нив и да се воодушевуваат на нивната убавина, костимот за капење и накитот. Брзо се откажуваат од пливањето, бидејќи повеќе сакаат да привлекува внимание додека се сончаат. Се протегнуваат како мачки на лежалките, овозможувајќи им на сите да уживаат во глетката. Ја одбираат онаа личност која сметаат дека е доволно достојна да биде во пар со нив.

Девица

Штом се разбудат го прегледуваат списокот кој го направиле претходната вечер за да не заборават нешто на плажа. Уредно потцртуваат сè, проверуваат мејл, пораки на телефонот и одговараат. Облекуваат нешто лесно и убаво за на плажа, ставаат шешир и крем за сончање на сите откриени делови од телото. За секој случај се сместуваат под сенка. Одбираат најголем чадор, ги редат работите околу себе, повторно се премачкуваат и се местат во поза за рамномерно да потемнат. Размислуваат за обврските кои ги чекаат кога ќе се вратат од одмор.

Вага

По престојот од два и пол часа во бањата, излегуваат од собата, но се враќаат за уште еднаш да погледнат во огледалото и да се поднаместат. Додека одат кон плажата застануваат пред секој излог за да се погледнат себе или да видат што има ново. Уживаат кога сите гледаат во нивниот костим за капење. Во вода влегуваат многу внимателно за да не им се расипе фризурата. Флертуваат со сите. Но ги одбираат оние кои нудат добра ноќна забава.

Скорпија

Тешко се будат бидејќи секогаш ги боли глава од претходната вечер. По туширањето се како нови. Полека одат кон плажата, додека зад темните очила ги набљудуваат сите што ги одминуваат. Одбираат место на страна бидејќи не поднесуваат гужви и врева, но мора да имаат добар поглед на сè што се случува. Штом забележат некој што им се допаѓа, ги симнуваат очилата и почнуваат да флертуваат.

Стрелец

За нив секој ден е забава, оптимизам, добро расположение и авантура. Стрелецот со насмевка трча на плажа наоружан само со еден поголем пешкир и весел дух. Не се оптоваруваат со никакви креми и заштитни фактори. Еден момент се во вода, другиот играат одбојка на песок, не застануваат воопшто.

Јарец

Пресметуваат колку им е потребно да потрошат тој ден, но за секој случај уште еднаш проверуваат колку пари ќе им останат. Ја пакуваат торбата со она што им е неопходно, проверуваат дали ги исклучиле сите апарати во хотелската соба, па дури потоа заминуваат на плажа. Во меѓувреме бараат продавници со најевтини цени за храна. На плажата првенствено бара одмор, па затоа бега од места каде што има деца, бидејќи им пречи вревата. Најмногу се радуваат кога ќе најдат некое скриено место меѓу карпи.

Водолија

Никогаш не одат сами на плажа, бидејќи додека стигнат секогаш наоѓаат некој кој им одговара и брзо се спријателуваат. Цел ден го поминуваат заедно, малку во забава, малку во фиолозофски разговори. Директно од плажата одат на луда ноќна забава која трае до раните утрински часови. Не сакаат да се сеќаваат на целата количина алкохол која ќе ја испијат, но според фотографиите сакаат да видат колку им било забавно. Наутро може да се разбудат покрај личност која не им е многу позната, но сепак ќе останат добри пријатели.

Риби

Бидејќи се будат  размислувајќи за смислата на животот, љубовта и страдањата, може малку и да се сожалуваат заради својата судбина. Потоа сфаќаат дека цел свет е несовршено место без нив, па ќе се натераат себе да одат и да им овозможат на другите задоволство да бидат во нивно друштво. Ќе ги засмејуваат со своите духовити досетки, ќе се трудат да ги сослушаат и секому да дадат добар совет. Може да ги привлечат оние личности во кои ќе откријат длабок поглед, со кои може долго да разговараат за судбината која ги споила.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега