Ристески: Спасовски, дали знаеш што значи секојдневно да се бориш и спасуваш човечки животи?

Директорот на Клиниката за онкологија, Милан Ристески преку статус на социјалната мрежа Фејсбук го праша Оливер Спасовски дали знае што значи секојдневно да спасуваш животи.

-Оливер Спасовски, дали знаеш што значи секојдневно да се бориш и спасуваш човечки животи? Дали ти си спасил некогаш човечки живот? Дали го знаеш чувството на немоќ кога едноставно и најсовремената медицина не може ништо да направи, независно од возраста на пациентот? Не дозволувај толку ниско да потонеш и да манипулираш и злоупотребуваш една човечка несреќа која била предодредена од судбината, и каде чоечкиот фактор направил сè што се можело, независно дали тука или на друго место. За жал, во овој случај не 4.000, не 400.000, ни 4 милиони евра не можеа да помогнат. За жал, ни медицината не е семоќна. Да беше, светот ќе беше многу поубаво место за живеење, пишува Ристески.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега