Утре повторно топло, попладне пороен дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи претежно во југозападните и јужните планински предели.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степени, а дневната од 29 до 36 степени

Во Скопје слично време , сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во почетокот на работната недела во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен дожд претежно во југозападните делови од земјата. Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега