ФОТО: Нормализирано водоснабдувањето во Пелагонија

Во атарот на селото Драгарино, пред десеттина дена се случи природна непогода која оштети дел од хидросистемот кој го снабдува со вода градот Битола, комбинатот РЕК и поголемиот дел од битолскот дел на Пелагонија, а денеска одговорните луѓе информираа дека состојбите се ескпресно санирани.

Директорот на ЈП Стрежево Марјан Ѓероски информираше дека после 6 деноноќија активна работа на вработените во РЕК Битола, ФОД и ЈП Стрежево успеано е да се направи бајпас решение кое моментално пропушта околу 3м кубни во секунда кои, перманентно, на секои неколку часа дополнително се зголемуваат за половина кубик со цел да се следи однесувањето на новото решение кон дополнителната количина вода. Според Ѓероски, се очекува до недела да се испуштаат до 6 метри кубни во секунда а според состојбата на каналот да се стигни и до 7метри кубни во секунда.

pelagonija1

Бидејќи оваа количина на вода не може наеднаш да ја задоволи потребата од вода на сите земјоделци на опфатот за наводнување што го има ЈП Стрежево, јавното претпријатие во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство шумаство и водостопанство во Битола и Агенција за поддршка на развојот на земјоделието ќе дефинира кон кои цевоводи и култури да се насочи количината вода.

ЈП Стрежево од претходната вечер на полноќ започна да пушта одредена количина на вода за полнење на цевоводите и очекува дека до 14:00 часот денес да бидат ставени во функција три цевоводи. Ако се оди според планот, ЈП Стрежево ќе го зголемува протокот на вода односно бројот на функционални цевоводи и комплетна стабилизација на состојбата за неколку дена.

Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Илија Србиновски, изрази голема благодарност за експресно звршената работа на Стрежево и РЕК кои направија надчовечки напори за да се спасат земјоделските површини од летните горештини. Дождовите кои деновиве наврнаа и до 30 литри на метар квадратен помогнаа полесно да се преброди состојбата со наводнувањето на земјоделските култури. Според Србиновски, благодарение на природата односно наврнатите 20-30 литри дожд, не се очекуваат штети врз засадените земјоделски култури.

pelagonija2

Подрачната единица на МЗШВ е во постојан контакт со земјоделците и со ЈП Стрежево за да се утврди кои култури и површини треба да имаат предност во наводнувањето. Во договор со земјоделците најверојатно ќе се наводнува најпрво онаму каде што има насадено градинарски култури а потоа ќе се продолжи кон средишниот дел на Пелагонија каде што има најголем интензитет на засадена пченка.

Директорот на РЕК Битола, Јовко Крстевски, изјави дека во февруари и март оваа година се појави свлечиште на локацијата ГО, кое поради недостаток на време било делумно санирано за да се обезбеди снабдување со вода на градот и земјоделието.

Обилните дождови во јули предизивкале реактивирање на свлечиштето и каналот бил во можност да транспортира вода околу 5.5 метри во секунда. По оваа ситуација, РЕК заедно со ЈП Стрежево увиделе дека наводнувањето на земјоделието е загрозено и двете претпријатија заеднички го дефинирале решението за бајпасирање на оштетениот објект. Според пресметките, сегашното решение може да транспортира 7метри кубни во секунда што е доволно за потребите на РЕК Битола, за градот Битола и за земјоделството.

pelagonija4

Крстевски изјави и дека во изминатите 6 дена екипи на РЕК, ЈП Стрежево и други фирми максимално работеле и благодарение на беспрекорното функционирање предложеното решение веќе е ставено во функција.

Директорот на РЕК кој беше координатор на процесот уште еднаш истакна благодарност до сите кои учествуваа во санацијата и кои несебично работеа за каналот да биде ставен во употреба. Според Крстевски и инженерите во РЕК, предложеното решение е добро и истотото и понатаму може да функционира без никакви проблеми. 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега