Филип Божиновски: „Зајди, зајди“ остави белег на мојата кариера

Од самиот почеток на големото балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“, Курир им даваше силна поддршка на македонските кандидати. Одлична соработка имавме со Филип Божиновски, момчето кое воодушеви со својата скромност, со својот извонреден талент ја освои публиката од Балканот, а со изведба на македонски песни ја направи Македонија горда.

На почетокот ни вети дека ќе работи напорно за да ја оправда довербата која сите ја имавме во него, а ние му ветивме дека ќе ја има нашата безусловна поддршка. Меѓу нас, двете страни ги исполнуваат ветувањата.

Во ексклузивно интервју за КУРИР, Филип говори за шоуто, за фановите, за дел од приватниот живот, за успехот и плановите кои ги има.

ФИЛИП: Најпрво здраво, да ја искористам приликата да ги поздравам сите читатели на Курир. “Sвездите на Гранд” секако дека ми го променија начинот на живот, нескромно морам да кажам дека се здобив со одредена доза на популарност која сама по себе ти го менува секојдневието секако во најголем дел целата оваа промена е позитивна.

КУРИР: Јас би ја избрала изведбата на „Уторак“. Имаш ли омилен свој настап во големото талент шоу?

ФИЛИП: Секој настап сам по себе сметам дека беше повеќе или помалку добар, се спремав и давав се од себе на секој од нив. Се сложувам со тебе “Уторак”, беше една од подобрите, но сепак за мене “Зајди,Зајди” остави посебен белег на моето учество во ова шоу.

Целтото интервју можете да го прочитате ТУКА.

 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега