Нов асфалт за улиците во центарот на Куманово

Почна поставувањето на нов асфалтен слој на кракот од булеварот „Трета македонско ударна бригада“ и „Егејска Македонија“ во Куманово. Асфалт ќе се постави на 2.400 метри квадратни. На дел од улиците во поширокото централно градско подрачје ќе биде извршена и реконструкција на асфалтот во должина од 1.000 метри квадратни.

- Станува збор за старо градско јадро со приближно 400-500 станбени единици, мошне густо населено подрачје, кое има потреба од темелна реконструкција, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и додаде оти ќе се придонесе кон решавање на актуелниот проблем на граѓаните од овој дел на градот, одводување на атмосферска вода.

Досега целосно се санирани и поставен е асфалтен слој на површина од околу 6.000 метри квадратни по улиците во Куманово, „Бајрам Шабани“, дел од „11 Октомври“, кракови од булеварите „Трета македонско ударна бригада“ и „Октомврсика револуција“...

Проектот за реконструкција на околу 6,5 километри патна мрежа почна пред две недели и ќе продолжи да се спроведува до средината на септември. Реконструкцијата опфаќа околу 32 илјади метри квадратни површина на подрачјето на Куманово. За таа цел, општината склучи договор со две приватни компании од Куманово и од Скопје и одвои вкупно 24 милиони денари од буџетот. 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега