ЕВН донираше за најпогодените во поплавите во тетовско

ЕВН Македонија се вклучи во донаторската акција на Црвениот крст за помош на најпогодените од невремето и поплавите во тетовскиот регион.

Во текот на денешниот ден и во понеделник, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови, соопшти ЕВН Македонија.

Силното невреме кое го зафати тетовскиот регион во неделата предизвика големи штети и на електродистрибутивната мрежа, по чие санирање од екипи на ЕВН Македонија снабдувањето со електрична енергија е нормализирано.

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега