На штетите им нема крај - еве колкава е проценката за железничката пруга кај Тетово

Петнаесет илјади евра изнесува штетата  на  железничката пруга Скопје-Тетово-Кичево во деловите што беа зафатени со  невремето пред четири дена, покажуваат првичните проценки на Јавното претпријатие МЖ Инфраструктура.

ЈП МЖ  Инфраструктура  денеска соопшти дека нивни екипи се на терен и  интензивно работат на целосно регулирање, расчистување на последиците и оштетувањето на пругата.

Невремето во тетовскиот регион кај делот на Поројска река го отежна нормалното одвивање на железничкиот сообраќај кон Кичево. Обилните наноси на камења, земја, дрвја и кална предизвикаа неколку часовен прекин на сообраќајот на пругата Ѓорче Петров–Кичево, неполни два километра пред Тетово.

Со вонредни напори на механизацијата и екипите на ЈП МЖ Инфраструктура успешно беше отстранет големиот  нанос од камења, земја, дрвја и кал и сообраќајот повторно беше нормализиран, кој поради претпазливост се одвиваше со намалена брзина од дозволената, се вели во соопштението од ЈП МЖ Инфраструктура

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега