Џабе се смеевте: Иван Исцелител уште веднаш знаеше каде е малезискиот авион

 
Иван Исцелителот на својот Фејсбук профил објави информација дека група Кинези во петокот дошле кај него за да побараат помош за малезискиот авион од кој веќе стотина дена нема ни трага
 
Во петокот кај мене дојдоа група на Кинези. Имаше жени со деца, мажи... Сите беа уморни и натажени, ми се претставија и ми рекоа дека чуле дека сум Божји човек и дека им помагам на луѓето од целиот свет и дека тие чуле за моите резултати и добри дела што ги правам, но интересно е што слушнале и прочитале на интернет дека минатата година што сум дал интервју и предвидувања, а сето тоа се остварило. Па тие ми рекоа дека се дојдени за помош, дека нивните роднини биле во исчезнатиот малезиски авион и дали можам да им кажам нешто за исчезнувањето на малезискиот авион и нивните роднини што се возеле во него. И рекоа ако им дадам точни информации ќе ме наградат со 5 милиони долари, вели Иван Исцелител и додава дека му понудиле вредна награда.
 
И јас, како и секогаш што им велам на луѓето кај мене се е беспари. Така и на Кинезите им реков, јас не сакам пари ниту награди, јас му служам на Бог заради љубов, а не заради пари и материјална интерес. На Кинезите им реков дека ништо не знам за малезискиот авион и тие тажни и разочарани си отидоа и си велеа толкав пат минавме и ништо, многу беа разочарани, додава Иван.
 
Откако Кинезите заминале Иван добил откровение каде е малезискиот авион.
 
- “И така денеска седејќи дома и никако да ми излезат од мислите разочараните Кинези и децата со нив и се ми се вртеше таа слика во главата на тажните кинески деца. И решив да побарам информација од Божјиот дух. Клекнав на колена, му се помолив на Бога, го барав Божјиот дух, што се случило со малезискиот авион, а одговорот од Божјиот дух беше: Авионот се срушил, експлодирал во воздух. Го прашав кои се причините за падот, а одговорот беше: 20 луѓе кои биле стручњаци за компјутерска технологија, кои имале доста информации за иновациите со ИТ технологијата, да не ги пренесат во друга земја. Драги мои пријатели, оваа информација од Божјиот дух сакав да ја споделам со вас!”, вели Иван Исцелител.
 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега