Уште една страшна несреќа: Жена се бори за живот на скопските Клиники

 

Четириесетгодишна жена е тешко повредена откако на неа налетало возило во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената со тешки повреди на нозете и 'рбетот е пренесена на скопските Kлиники каде лекарите се обидуваат да и го спасат животот.

Според СВР Тетово, собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 40-годишната А.З. се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал 36-годишниот А.А. од гостиварското село Падалиште.

Жената била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.

 

 

 

Оцени ја веста

07.08.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега