ФОТО: Џиновски домат израсна во бавчата на македонскиот новинар

Борис Ѓорѓиоски, пензиониран новинар од МИА, е еден од ретките кој на природен начин ја одгледува познатата и највкусна сорта домат - охридски јабучар. Тој без користење пестициди успеа да одгледа домат тежок еден килограм и тоа чисто еколошки.

-Автохтоните видови зеленчук и овошје, по кои Македонија некогаш беше позната полека исчезнуваат, а нивното место на трпезите се повеќе го заземаат индустриски произведените земјоделски производи, вели Ѓорѓиоски и додава дека Јабучарот успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини.

Доматот на фотографијата израснал близу централното подрачје.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 15:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега