Задолжително пријавување на штетите во тетовско - еве што е потребно

Во рамките на активностите за конкретно, практично и ефикасно санирање на последиците од силното невреме, кое на почетокот на оваа недела го зафати поширокиот тетовски регион, Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните на кои невремето им причинило одредени штети на нивниот имот ( куќи, помошни објекти, моторни возила, земјоделски насади, опрема и друго ), претрпените штети  задолжително да ги пријават во најблиската полициска станица или одделение.

-Пријавувањето на штетите од граѓаните е неопходно, за да можат соодветно да се фотодокументираат истите, односно да се утврди фактичката состојба и подоцна на оштетените да им се издаде валиден документ ( потврда) од СВР Тетово, се вели во соопштението.

Без да се пријават штетите и на лице место да се утврдат сите поединости поврзани со тоа, граѓаните не ќе можат да обезбедат вакви потврди.

Граѓаните секоја штета од невремето да ја пријават во најблиската полициска станица или оддеделние за да нема недоразбирања или евентуални пропусти и недостатоци, подоцна.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега