Привремениот египетски претседател положи заклетва

Денеска претседателот на египетскиот Уставен суд Адли Мансур положи заклетва како привремен претседател на Египет.

Ова се случува откако војската на Египет го симна од власт Мохамед Мерси, со што е задоволно најголемиот дел од населението.

Мансур во обраќањето на церемонијата вети дека ќе го штити републиканскиот систем на владеење и оти ќе ги почитува Уставот и законите: - Најважната работа, која се случи на 30 јуни е тоа што Египќаните се обединија под исто знаме, изјави новиот претседател во врска со масовните протести, кои избија со барање за оставка на Морси.

Повеќето египетски држави медиуми денеска едногласно го поздравија соборувањето на Морси од власт. 

најчитано сега