ФОТО: Ова може да се види само во Македонија

Бетонски блок среде патот. Никакво обележување, никакво предупредување. Фотографиите објавени на facebook Кријат неверојатна приказна.
Според нивниот автор, станува збор за фотографии направени во Гевгелиско. Токму таму, државата продавала плацови за изградба на викенд населба. И како што често се случува кај нас, на еден од новите сопственици му го продала токму плацот каде што требало да поминува улицата.
Човекот нормално, за повторно да и го продаде на државата барал десеткратно повисока сума. И понатаму се е јасно. Државата не плаќа, тој за инает става бетонски блок во својата парцела, која ете, излегува на јавниот пат.
Ако се движите по овој пат, добро отворете очи. Навечер нема никакво обележување

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 10:33
Фото: 
Ѕид на сообраќајниот храм

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега