Хаос на прославата на „Олуја“ - 20 години подоцна страстите не се смируваат

Хрватската рок група Томпсон вчера настапуваше во Книн, како крај на прославувањето на годишницата од операцијата Олуја, која од една страна претставува заокружување на независноста на Хрватска, а од друга страна протерани се 200.000 Срби од Хрватска.

На концертот каде присуствуваа околу 60.000 луѓе, во еден момент од публиката се слушна „Уби Србин“, пренесуваат српските медиуми.

Исто на вчерашниот концертот, над публиката полета дрон со српското знаме и со порака „Олуја е злосторство“. Хрватската полиција веднаш интервенираше и го спушти дронот.

За момент настанал хаос и концертот за кратко бил прекинат.

 

 

Оцени ја веста

06.08.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега