Вигенин: Бугарија е подготвена да ја забрза работата околу договорот со Македонија

 

Позицијата на Бугарија во однос на ЕУ-интеграцијата на Македонија не е променета и е усогласена меѓу сите надлежни институции. Нема разијдување меѓу мене и претседателот Плевнелиев по таа тема, изјавил шефот на бугарската дипломатија Кристијан Вигенин на средба со новинари во Парламентот во Софија.

Вигенин, повторил дека Софија останува на, како што вели, принципиелната позиција за потпишување договор за добрососедство со Македонија.

- Потпишувањето на тој договор е усов за отворање на следните чекори во процесот на евроинтеграција на Македонмија, изјавил Вигенин.

Вели дека работи на создавање поповолна клима во бугарско-македонските односи, што ќе ги олесни преговорите за договорот за добрососедство.

- Ги информирав македонските колеги дека Бугарија е подготвена да ја забрза работата околу договорот. Сега е ред на македонската страна да го покани бугарскиот преговарачки тим, рекол Вигенин.

Направени се промени во составот на преговарачкиот тим, со кој раководи бугарскиот амбасадор во Скопје Иван Петков, кој според Вигенин, добро ја познавал Македонија и има доволно дипломатско искуство.

најчитано сега