Го фатила со љубовницата па ја претепала а тој само гледал сеир

Вистинска љубовна драма се случувала во Хрватска. Хрватица ја нападнала љубовницата на својот сопруг, а тој само стоел и се смеел на она што се случува.

44-годишната Хрватица прво вербално,а потоа и физички ја нападнала љубовницата на својот сопруг, откако ги фатила во нивното возило.

Жената ја фатила за коса љубовницата на својот сакан, а таа ја испрскала со спреј за самоодбрана кој го носела со себе.

Мажот само седел и гледал што се случува без да се помрдне со малиот прст, па случајот бил решен откако дошла полицијата.

ФОТО: Пулс24