ВИДЕО: Огромна дупка од 6 метри се отвори на улица во САД и проголта автомобил

 

Огромна дупка се отвори на улица во Толедо, Охајо. 

Дупката проголтала еден автомобил, но за среќа жената која управувала со него не се здобила со повреди.

Дупката е длабока 6 метри, а се претпоставува дека се отворила откако пукнала водоводна цевка.

60-годишната жена која пропадна во дупката вели дека не можела никако да ја одбегне големата дупка, но е среќна што е жива и здрава.

 

најчитано сега