Драма во Тетово: Среде пладне влетал со автомобилот во кафеана

Автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички кој го управувал 39-годишниот М.А. од Боговиње вчера влетал во угостителски објект околу 13 часот. Несреќата се случила кога возилото поради преголема брзина, изгубило контрола, излетало од коловоз и удрило во маси и столчиња  од угостителскиот објект „Шкорпион“, а потоа и во sид од куќа.

За среќа, направена е само материјална штета од 50.000 денари, а повредени нема.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега