Нови детали: Што откри полицијата за убиството во Козле?

Десетина лица биле повикани на разговор во полиција за убиството кое пред два дена се случи во скопската населба Козле. Според податоците на Дневник, 29-годишниот Турчин Самет С. и неговата 52-годишна мајка Ѓулчин Е. биле застрелани во главата додека спиеле, со  пригушувач. 

Неофицијално, биле завршени првите вештачења и откриено е со каков пиштол било пукано во мајката и синот. Веќе е познато дека убиецот не провалил во куќата, туку си влегол преку вратата која како што вели сопственикот често била незаклучена. Не е познато ниту дали убиецот го исчистил местото на злосторот од траги.

Соседите велат дека семејствата биле скарани, но не знаат што точно се случило. Велат дека не ги познавале убиените.

Полицијата и понатаму работи на случајот.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега