Нови детали за двојното убиство во скопско Козле

Со по еден куршум во главата биле убиени турските државјани во Козле покажала обдукцијата на мајката и синот кои вчера беа убиени додека биле на гости кај сватовите во Скопје, објави Телма.

Полицијата проверува со каков вид на пиштол е стрелано кон убиените преку вештачење на една чаура која е најдена на местото на убиството. Убиецот користел и пригушувач на оружјето.

По телото и околу устата на убиениот Самет С. од Бурса имало и траги од бел прав сличен на брашно, потврдија за Телма добро упатени извори. Таква порака се остава во гангстерски пресметки кога се работи за бизнис со дрога. Најдениот прав исто така е даден на вештачење, објави Телма.

 

Официјално ниту од полицијата ниту од обвинителството не прецизираат дали случајот е поврзан со можен шверц на дрога. Убиените не поминуваат ниту низ крим-евиденцијата на МВР ниту низ потерниците распишани преку Интерпол.

Од МВР чекаат одговор од турската полиција за минатото на убиените кои се од Бурса. Кратко одговараат дека на убиството во Козле се работи интензивно. Неколкумина биле подложени на детектор на лаги за да се утврди дали имаат можни сознанија за извршителот и за мотивите за двојното убиство.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега