Ужас во Куманово: Кумановец нападнал таксист без причина

Кумановец физички нападнал таксист во Куманово.

Кумановецот Д.Ј. вчера околу 6 часот без посебна причина физички го нападнал таксист, кој бил паркиран на улицата „Сава Ковачевиќ“.

Триесетипетгодишниот кумановец го удирал 57-годишниот таксист Д.М со тупаници во главата, а потоа го гаѓал со камења. Потоа тој удирал и по вратите и прозорците на возилото. Таксистот се здобил со повреди и на автомобилот му е нанесена штета.

Како што соопшти денеска кумановската полиција, пренесува МИА, кумановецот доби кривична пријава.

Полицијата соопшти дека и претходно 35-годишниот кумановец е пријавуван за насилство.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега