Каде завршија парите собрани од „ледениот предизвик“?

Здружението АЛС кое ги собираше парите објави детална инфографика со трошоците.

Веројатно сите се сеќавате на „ice bucket“ предизвикот. Во таа хуманитарна акција учествуваа голем број на познати личности како што се Бил Гејтс, Леброн Џејмс и други, но и многу обични луѓе ширум светот.

Целта со полевањето со ледена вода беше да се подигне свеста и воедно да се соберат средства (со полевањето се донираа и пари) за помош во борбата против АЛС синдромот (Амиотрофична латерална склероза), пишува „The Next Web“.

Постот на блогот на АЛС асоцијацијата откри дека биле собрани 115 милиони долари во текот на акцијата. Од тоа 77 милиони долари (67 отсто) заминале на сметката за АЛС истражувањата.

Од вкупната сума 10 милиони се донирани на компанијата АЛС АКТ која работи на забрзување на третманот на лицата кои веќе боледуваат од овој синдром. Дополнителни 23 милиони заминале за „Услуги на пациентите и заедницата“, здружение кое работи на едукациски материјали и дава донации на сите центри за борба против АЛС синдромот.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа