Детали за крвавото убиство во Куманово: Еве која е причината за кобниот настан

По немилиот настан кој се случи неодамна во кумановската Дива населба, кога полицијата се судри со терористичка група при што се пролеа крв, уште една трагедија ги зави жителите во црно. Седумдесет и едногодишен човек е убиен, а неговиот син се бори за живот на скопските Клиники, откако во нив пукал нивниот поранешен зет со кој им биле расипани односите. Како што пишува Утрински, на улицата Тоде Ментол, осовецот Бекир Незири, кој со години живеел во Швајцарија, дошол во куќата во Куманово каде што живеела неговата поранешна сопруга и со огнено оружје го убил дедото Риза Р. (71), а тешко го ранил шурата А.Р. (29), по што побегнал.

Младото момче кое се здобило со поврди се наоѓа во критична состојба. Обвинителството издаде наредба за прибирање траги од самото место, извршување на потребните вештачења, како и за обдукција на убиениот маж. 

- „Риза беше толку добар човек што на мува не газеше. Го знам половина век, сме делеле добро и лошо, нестварно ми е дека сега го нема, не ми се верува дека вакво нешто може да му се случи на семејство како неговото“, велат соседите за Утрински и додаваат дека поранешниот зет лошо се однесувал и со сопругата и со своето мало дете кои во моментот на кобната несреќа биле во куќата.

Ова е втор немил настан во кумановската Дива Населба за кратко време. Сите жители се потресени.

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега