Бизарна сцена во Загреб: Судијата исклучи играч поради покажување среден прст

Фудбалерот на Динамо Загреб Пауло Мачадо е исклучен во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампиони против Молде од бизарни причини.

Португалецот додека го напушташе теренот поради замена непристојно гестикулираше покажувајќи среден прст кон домашната публика која го навредувала со свирежи. Кога седна на клупата за резервни играчи му пријде главниот судија на натпреварот Серж Гумијени од Белгија и му покажа црвен картон.

Мачадо додека одеше кон соблекувалната повторно заработи свирежи од публиката, која беше незадоволна од неговото залагање на мечот против Норвежаните.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега