Не ја пропуштајте шансата: Поставете му прашање на Стивен Хокинг

Доколку некогаш сте посакале да поразговарате со Стивен Хокинг, односно да му поставите прашање, сега конечно може да го направите тоа.

Прашањата ќе се поставуваат од денеска на „Reddit“ се до 4-ти август.

Славниот физичар ќе го направи своето деби на веб страната Reddit во рубриката AMA или "Ask me Anything", каде корисниците поставуваат прашања.

Корисниците можат да поставуваат прашања една седмица, а тој ќе им одговори во наредните седмици.

Се очекува повеќето од прашањата да се фокусираат на развојот на вештачката интелигенција.

Доколку сакате да му поставите прашање на Стивен Хокинг, тоа може да го направитеТУКА.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега