25 лица загинаа во пожар во фабрика за мебел

Дваесет и пет работници загинаа во пожарот, што денеска избувна во фабрика за мебел северно од Каиро, соопштија британските медиуми, цитирајќи го Министерството за здравство.

Во огнената стихија повредени се и 22 лица.

Трагедијата се случи во индустрискиот град Обур, на 35 километри североисточно од Каиро.

Засега не е позната причината за пожарот, иако претходно беше јавено дека дошло до експлозија на плинска боца.

Околу 30 пожарникарски возила се обидуваат под контрола да ја стават огнената стихија, што зафатила површина од 1.500 квадратни метри.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега