ВИДЕО: Ако ова не помогне, ништо нема: Холограми на инвалиди ги чуваат паркинг местата

Една руска невладина организација, Дислајф, добила идеја да застане на патот на непрописното паркирање и завземањето на местата наменети за лицата со инвалидитет така што направиле систем кој проектира вистински личности со инвалидитет на сите паркинг места наменети за инвалиди.

Системот користи камера која детектира дали возилото кое се обидува да се пракира има налепница за инвалиди, и ако е случај со безобѕирен возач, автоматски се појавува холограм со прдупредување да не го прави ота.

- Застани, што правиш? Јас не сум само знак на патот, не се преправај дека не постојам.

Причината за оваа акција е тоа што повеќе од 30 проценти од возачите во Русија не ги почитуваат прописите кога е во прашање паркирањето и дрско ги завземаат местата кои не им се наменети, па од организацијата се надеваат дека оваа кампања ќе вроди со плод.

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега