Хорор во Виена: Сајла и ја откинала раката на 42-годишна жена

Тешка несреќа се случила во неделата во рекреативниот центар на подрачјето на Нов Дунав (Neue Donau) во Виена.

Додека се возела на вејкборд, една четириесет и две годишна жителка на Виена остана без рака, откако сајла и ја откинала половина рака. Очевидците велат дека не го виделе самиот момент на несреќата, туку во еден момент ја виделе жената како крвари и и недостасува десната рака под лактот.

Тешко повредената жена од Нов Дунав ја извлекле спасувачи и таа е префрлена во болница. Професинални пожарникари нуркачи по два часа успеале да го пронајдат отсечениот дел од раката. Го ставиле во лед и итно го однеле во болницата, но за жал веќе било доцна. Докторите веќе не можеле да го сошијат делот за раката на жената, која по укажаната помош е надвор од животна опасност.

Вејкборд (wakeboard) е широка скија за вода, налик на скејтборд со која се лизга по површината на водата, а ја влече или моторен чамец, или специјална жичара, како што е случајот во Виена. Полицијата започна истрага за да се утврдат точните причини за несреќата.

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега