Столтенберг: Турција нема побарано воена помош од НАТО

Турција не побарала воена помош од НАТО за борба против терористичката организација Исламска држава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по вонредната седница на Советот на Северноатлантската алијанса, свикана на барање на Анкара поради засилените терористички закани по Турција.

- Турција не се обратила за воена помош. Турција е силна земја-членка на НАТО, која има втора по бројност и ефикасност армија во Алијансата, наведе Столтенберг.

Тој додаде дека повеќето водечки земји-членки на НАТО „веќе влегуваат во меѓународната коалиција, која војува против ИД“.

Столтенберг изрази и сочувство до турскиот народ и Влада за неодамнешните напади во земјата, во кои имаше и човечки жртви.

- Тероризмот во сите форми никогаш не може да биде оправдан, НАТО ќе продолжи да пружа сестрана поддршка на Турција во борбата против тероризмот, пред се против ИД. Тероризмот е закана и за безбедноста на НАТО, закана за меѓународната безбедност и стабилност. Алијансата многу внимателно ја следи ситуацијата на јужната граница, ние заедно целосно ја поддржуваме Турција во борбата против тероризмот, истакна Столтенберг.

Тој наведе дека НАТО не учествува во напорите на Турција за создавање на тампон-зона на сириската граница за борба против ИД.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега