За намалување на санкциите за прекршоци, Владата усвои материјални Закони усогласени со Законот за прекршоци

По донесувањето на  Законот за прекршоци од страна на Собранието, институциите веднаш започнаа со процес на усогласување на своите материјални закони со овој системски закон.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев потенцира дека денес на владина седница беа усвоени над 20-тина закони од различни области како земјоделие, труд и социјална политика, економија, финансии, царина...

-Тие опфаќаат над 80-90 проценти од најчестите прекршоци кои се случуваат. Тие веднаш ќе бидат испратени во Собранието на тамошно изгласување со цел што побрзо да се создаде правен амбиент за да може да се ползваат ефектите од намалените санкции за стопанските субјекти, истакна Ѓорѓиев.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега