ФОТО/ВИДЕО: Дознајте ги најчудните натпреварувања на светот

Сигурно нема да ги гледате на ОИ. За нив нема ниту да прочитате во спортските весници, но овие спорторви и натпреварувања се навистина популарни во некои земји. Тие кои се занимаваатсо овие вештини во нашите очи делуваат како вистински чудари, но и самите знаете дека не е се за секого.

Ова се најчудните спортови на светот, а доколку не сте го пронашле вашиот скриен талент, фрлите поглед на листата – можеби на неа се наоѓа некои ваш спорт од сништата.

1. Светско првенство во носење на жени

Да, да... добро прочитавте! Ваков вид на натпреварување за прв пат е одржан во Финска, а денес носењето на жени е популарно и во Америка. Ова првенство традиционално се одржува од 1992 година, а количината на награди во пиво пропорционална е на тежината на учесничките во натпреварувањето. Правилата на игра наложуваат да мажите се тркаат со жените на грб, односно да ги минат сите препреки кои се поставени пред нив и тоа во најкратко време. Но, љубовта понекогаш знае да биде тешка...

2. Светско првенство во брада и бркови

Брадата и брковите некогаш биле знак на голема мажественост, но денеска повторно почнале да се враќаат во мода. На радост на сите оние кои го сакаат овој украс на појаката половина, една група на мажи измислила натпреварување во најубави бркови и брада кои се одржува секоја втора година, а целта е да се направи најинтересната креација на лицето.
Натпреварувањето е поделено во три категории – Дали брковите (како оние кои ги носи познатиот сликар Салвадор Дали) јаречки бркови и брада во слободен стил.

3. Фудбал на точак

Сајклбол Сајклбол е спорт кој е измислен во Германија на крајот на 19 век. Полека, но сигурно ја стигнува својата популарност и во Европа. Се игра во двојки. Мечот трае 14 минути, а се состои од два еднакви периоди на играта. Недозволено е да се допре тлото со стапалата. Головите се постгнуваат со глава или со предниот дел на велосипедот. Интересно прв шампионат во овој спорт е одржан во 1929 година.

4. Квидич

Ако сте помислиле дека оваа игра постои во прочуениот филм Хари Потер се лажете! Квидич е млад спорт но брзо расте. Поентата е да со уфрлување на топката низ обрач се постигнат повеќе поени. Играта има елементи на рагби. Квидиќ се одржува на повеќе од 300 универзитети и средни школи ширум Америка. Дека овој спорт не е само за волшебници покажува и Меѓународното Квидич здружение кое собира натпреварувачи од 12 држави и борба за освојување на „Златна  скривалица“.

5. Подводно рагби

Овој спорт и не е току нов, влече корени од 1961 година, а настанал како физичка вежба на германски нуркачи. Се игра во базен со длабочина од четири до пет метри, а головите се метални канти со ширина од околу 40 сантиметри. Два тима плав и бел со по шест играчи и исто толку резерви, а поради тоа што малку луѓе се бават со овој спорт, тој е сочинет од играчи од двата пола. Целта е логично да се уфрли топката во голот на противникот.

6. Борба со ножни прсти

Во овој необичен спорт во кој учествуваат мажи и жени, важат слични правила како и кај борбите со раце. Турнирот кој денеска има меѓународен карактер е основан во 1976 година, од страна на Џорџ Бурџес, во обид да пронајде нов спорт во кој Британците би доминирале. Како што пренесува Би-Би-Си организаторите во 1997 година се обиделе, безуспешно, да овој спорт го сместат во ОИ. Секој меч има три рунди, во кои натпреварувачите ги вкрстуваат ножните прсти, во обид да на под го соборат противничкото стапало.

7. Трка за сирење

Во англискиот град Голчестер секоја година се одржува луда трка за сирење, кој се одвива низ стрмна падина. Бројот на учесници кои не се секираат дали ќе искршат рацеили нозе, е во постојан пораст, како и најразлични повреди кои никако не ги воодушевуваат локалните лекари од Итната помош.

8. Подводен хокеј

Овој спорт постои и кај нас, а правилата се сосема едноставни, нуркате со мали палки, и го туркате пакот по дното на базенот. Кој ќе постигне повеќе голови епобедник.

9. Шахобокс

 

Ако барате спорт кој бара сила и интелегенција, тогаш шахобокс е вистинската работа за вас. Спортоте комбинација од шах и бокс, со тоа што после секое боксување, се започнува нова партија шах. Еден меч трае 11 рунди, а започнува така што натпреварувачите прво четири минути ги користат своите мозочни бранови играјќи шах, а потоа три минути бокс и така по 11 рунди. За овој спорт постои и светска организација под името „World c Organization“.

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега