Ибрахимовиќ: Ќе профитираме доколку дојде Ди Марија

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Златан Ибраимовиќ, рече дека би сакал Анхел ди Марија да ги засили парижаните.

Францускиот шампион веќе подолго време го брка аргентинскиот фудбалер, а во текот на викендот се појавија информации дека ќе дојде до трансфер.

Пред се бидејќи искусниот ди Марија не му се придружи на Манчестер Јунајтед на предсезонската турнеја во САД.

Иако се уште нема официјална потврда Ибрахимовиќ истакна дека верува дека неговиот тим многу ќе профитира во случај на доаѓање на ди Марија.

„Не знам дали договорот е постигнат,но доколку имам шанса да играм со ди Марија во тимот, тоа ќе биде фантастично“, вели Швеѓанецот.

„Тој освои се, одличен е како играч за тимот“, додава фудбалскиот репрезентативец на Шведска.

„Му носи ритам на тимот и квалитет кој ќе ја унапреди игратата на нашиот тим“, нагласи Ибраимовиќ.

ПСЖ до Манчестер Јунајтед испрати понуда од 47 милиони фунти за ди Марија и очекува дека зеленото светло ќе стигне набрзо.

Ди Марија на „Олд трафорд“ пристигна минатото лето од Реал Маадрид и на 27 натпревари во Премиер лигата постигна само 3 погодоци и запиша десет асистенции.

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега