ВИДЕО: Како Тито ја понижил кралицата Елизабета - тој бил горе а таа доле

Во Лондон во нивната архива на протоколи, чуваат податоци дека Тито кога бил во посета на Англија, скршнал од вниманието на однесување.

Кралскиот двор на Дедињ, резиденцијата Александра и Катарина Караџорџевиќ сеуште кријат многу тајни  кои треба да се одгатнат.
Станува збор за приватна бископска сала, прва од таков вид на Балканот а можеби и пошироко иако е тешко да се утврди.

Биоскопот е граден за кралот Александар Караџорџевиќ и неговото семејство во 20 години на 20 век, а накнадно како што тоа е случај и со други места“, вели Андрија Сошиќ, водачот на Кралскиот двор кој сега е отворен за јавноста.

Тој додава дека филмовите тогаш биле црно бели па во прво време, зад посебен параван бил сместен и клавир кој обезбедувал музичко пратење за време на гледањето на филмовите. На ова место се водело сметка за се.

На пример кралската биоскопска сала има упадливо зелени бои. Андрија објаснува дека тоа не е случајно!

„Велат дека и светлата биле зелени а не само некои од ѕидовите. Се сметало дека тоа е контраст зелена – црно – бела слика, донесува уште поголема импресија додека се гледа филм. Така се добива впечаток дека е во прашање нешто волшебно“, вели Андрија.

Колку младата кралска двојка ужувала во овој луксуз не е познато. Кралот Александар е убиен во 1934 година а по 1941 целата негова фамилија Караџорџевиќ ја напуштила Србија.

По 2 светска војна дворот дошол во државно поседништво.

Останатото е забележано дека Тито не сакал да го користи ова место и дека ретко доаѓал. Сепак сакал да гледа филмови.

Денеска се чуваат филмови од Џон Вејн кој маршалот на СФРЈ особено ги сакал. Но, овде постои мал апсурд – за разлика од сите кои филмовите во оваа кралска сала ги гледале седејќи во фотељите пред платното, Тито имал фотеља издигната над сите.

Гостите секогаш седеле доле а маршалот горе!

Приказната вели дека Тито сакал да ги повика претседателите на републиките и да ги смести гледајќи филм додека тој ги набљудувал од висина и ги гледал кој со кој зборува, а кој не комуницира. Така извлекувал заклучоци кој е во добри односи, а кој не се поднесува“, раскажува Андрија.

Анегдотаа вели дека ваков третман доживеалаи кралицата Елизабета во една прилика на поста на Белград, таа самата седела доле, а Тито горе.

„Веројатно станувало збор за психолошки апсект. Тито сакал да им покаже дека е над сите, Денеска не сме сигурни дали оваа приказна е точна, но во Лондон во нивните архиви на протоколи, чуваат податоци дека Тито, кога ја возвратил посетата во Англија му е обрнато внимание на неговото однесување.

 

По враќањето на семејството Караџорџевиќ во Србија, Кралскиот двор стана дом на престонаследникот Александар II и неговата сопруга Катарина. Биоскопската сала уште е во функција и денеска е опремена со најсовремена филмска опрема. 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега