Фридрих: Не користетe Гугл и Фејсбук и нема да бидете шпионирани

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих денеска изјави дека корисниците на интернет кое се грижат дека разузнавачките служби на САД собираат информации за нив не треба да ги користат американските интернет-страници Гугл и Фејсбук.

Информациите дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) собира информации преку интернет предизвика вознемиреност во Европа и апели за построги меѓународни правила за заштита на податоците.

- Тие кои стравуваат дека им се следени комуникациите на каков било начин, треба да користат услуги кои не поминуваат преку американските сервери, изјави Фридрих. 

ФОТО: Хитпортал

најчитано сега