Музиката која ја слушате го открива вашиот карактер

Музичкиот вкус на поединец може многу да каже за начинот на кој размислува, сметаат научниците од Универзитетот Кембриџ.

Според резултатите од истражувањето што ги објави Plos One, емпатичните луѓе, оние кои често се фокусираат на емоциите на другите луѓе, повеќе сакаат побавна, нежна музика, додека ’систематичните’ – лица што ги анализираат правилата и обрасците, преферираат панк, хеви метал и покомплексна музика, пишува.

Многу луѓе едноставно знаат каква музика сакат или не сакат, но научниците велат дека примероците на нивните преференции се сè уште недоволно јасни.

– И покрај тоа што музичкиот избор на поединец со времето се менува, утврдивме дека нивото на емпатија на одредена личност и начинот на кој размислува може да предвиди каков вид на музика сака“, рече Дејвид Гринберг од универзитетот во Кембриџ, еден од учесниците во истражувањето. Во последните десетина години научниците расправаат за тоа дали изборот на музиката ги одразува експлицитно карактеристиките, како староста и личниот афинитет.

На пример, луѓето што се отворени кон новите предизвици повеќе сакаат блуз, џез, класична или етно музика. Истовремено, екстровертните лица преферираат поп, филмска музика, сакрална, соул, фанк и електронска музика.

Истражувањето е направено врз 4.000 учесници подложени на редица тестови. Најпрво од нив се бараше да го пополнат прашалникот во кој морале да се декларираат како ’емпатичари’ или ’систематичари’.

Лицата кои се оценети како емпатичари ги привлекла музиката како ’рнб’, поп и етно музика.

Спротивно на нив, лицата од групата на систематичари преферирале хеви метал или авангардна џез музика. Научниците веруваат дека нивните сознанија би можеле да влијаат врз музичката индустрија.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега