Страшна сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

Четири лица се здобиле со телесни повреди во синоќешната сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино - Кавадарци, кај месноста „Криво мовче”, кога се судриле три возила од кои две патнички и едно товарно.

Сообраќајката се случила околу 20 часот и 30 минути. Патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива. Повредени се двајца патници во голфот и исто толку во Опелот.

Увид на лице место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци. 

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега