Српска пејачка се замислува холивудска ѕвезда - еве што побарала

Популарната пејачка Ана Николиќ се смета за ѕвезда, а и така се однесува.

Ана минатиот викенд настапила во Херцег Нови, но не била задоволна од хотелот каде и обезбедиле сместување, па веднаш ги повикала организаторите и барала да ја преместат.

„Ана не сакаше да преспие во тој хотел. Бараше да ја сместиме во најубавиот хотел, што и моравме да го направиме за да не го откажи настапот. Ана во другиот хотел ги користела благодетите - базен, велнес, спа-центар... Не сакаше да го напушти хотелот. Само откако брат и Марко ја наговори да одат на крстарење, таа си замина“, кажува извор за српските медиуми.

Ана на Фејзбук постирала фотографија каде Марко ја вожи во глисер, а за тоа напиша:

„Мој Мишко вози и брод... 100% знае и авион... Тоа му е од мајка!“, напиша пејачката.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега