Чај за слабеење и за детоксикација
Со овој чај, кој лесно се приготвува дома, може да ослабнете до три килограми за една недела.
Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраната вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој едноставен чај од пет состојки.
Во тенџере ставете 1 литар вода, додајте помала китка исечкан магдонос и четири кесички зелен чај. Оставете заедно да зовријат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.
Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исцедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, два цедени лимона и една лажичка цимет.
Доколку сакате да го заблажите, додајте една лажица мед.
Претурете го чајот во стаклено шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа