Ја убил, ја ставил во ѕид па ја пријавил како исчезната - жена пронајдена мртва после 28 години

Посмртни останки од жена која била прогласена како исчезната пред 28 години се најдени во нејзината куќа, во подрумскиот ѕид, каде живеела со својот сопруг, соопшти полицијата.

Остатоците на жената од Њујорк се пронајдени откако пред 28 години нејзиниот сопруг ја пријавил како исчезната. Тој им кажал на детективите дека последен пат си ја видел сопругата кога одел на работа. Мртвото тело било замотано во пластичка кеса, ставено во пластична кутија, сместена во ѕид во подрумската просторија. 

Обдукцијата покажала дека жената умрела од силен удар, и дека се работи за убиство.

Главен осомничен за убиството е сопругот на жената.

ФОТО: Дневник.хр

 

најчитано сега